Нова серија вебинари поддржани од Scientix

Помина еден месец од почетокот на новата учебна година, па и ние продолжуваме со вебинарите кои се поддржани од Scientix. Прв предавач е Игор Богдановски, наставник по математика од Прилеп. Национален обучувач за Националната платформа за учење на далечина и наставник ментор. Scientix ambassador за Македонија, МIEExpert трета година последователно, MIE Trainer Оffice 365 и Moodle администратор.

Тој ќе зборува за придобивките и предизвиците од онлајн наставата. Вебинар ќе се реализира на 06.10.2021 (среда) со почеток од 19 часот.

За да се пријавите на вебинарот пополнете ја формата на следниот линк.