Менторски посети на училиштата кои добија грант за реализација на проекти за примена на стекнатото знаење на TechCamp Ohrid

Kако дел од планираните активности по завршување на TachCamp Ohrid: Справување со дезинформации во образованието, организиран од Центарот за иновации и дигитална едукација заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон, беа организирани менторски посети на училиштата кои добија грант во рамките на овој проект. Имено шест училишта добија грант за да имплементираат активности со кои ќе извршат дисеминација на стекнатите знаења и вештини на овој TechCamp.

Во текот на месеците април и мај 2024 година се реализираа менторски посети на кои беа присутни дел од тренерите на TechCamp Ohrid, координаторите на проектите кои добиле грант за реализација, како и членовите на тимовите. За време на менторските посети беше извршена презентација на досегашните активности кои се реализирале, како и ефектите од истите, но и евентуалните предизвици со кои се соочиле наставниците при реализација на овие проекти. Тренерите на TechCamp им дадова конструктивна повратна информација на наставниците за текот на реализацијата на проектите, но им понудија и насоки за нивна понатамошна имплементација. Исто така им беа дадени и совети како може да го зголемат импактот од нивните проекти и како да постигнат нивна поголема одржливост.

Комуникацијата и координацијата помеѓу добитниците на грант, тренерите и Диг-Ед ќе продолжи и во следниот период со цел успешно финализирање на започнатите проекти.