Активностите по повод Неделата на информатиката оваа година ќе се реализираат во периодот од 10 – 14 февруари. Оваа година главен поддржувач на активностите е Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД.

Како главна активност организиравме Соба за бегство (Escape room) како иноватитен метод кој сметаме дека на учениците ќе им биде интересен. Сите загатки во собата се од областа на информатиката и во согласност со наставните содржини. Покрај Собата за бегство подготвивме и неколку unplugged активности кои може да ги  реализирате по ваш избор, како и еден kahoot квиз за Денот за побезбеден интернет 11 февруари.

Доколку сакате да се вклучите во активностите пополнете ја следниот формулар.  Ќе добиете на email од нашиот пакет со работилници и материјали за реализација на работилниците.

Наставниците кои ќе учествуваат ќе добијат сертификат како и промоција на нивните активности во вид на напис на сајтот на Неделата на информатиката.

Пријавените училишта и наставници можете да ги видите на следната мапа. Пријавете се.