Нов онлајн курс за медиумска писменост

Платформата https://educyberguardians.mk/обезбедува едукативни материјали од областа на медиумската писменост за наставниците од основните училишта. Истата е резултат на проектот „EduCyberGuardians“, кој е добитник на грант за имплементација на знаењата и вештините стекнати на TechCamp Ohrid, и нуди ресурси и обука за наставниците кои им се потребни на наставниците да реализираат содржини во наставата од областа на медиумската писменост. Платформата се состои од онлајн интерактивен курс за обука составен од шест модули, како и сегмент кој содржи упатства и придружни материјали за да ги поттикне наставниците да развијат сопствени наставни материјали.