Работилници поврзани со медиумска писменост за ученици и родители

Проектот Медиумски дигитален триаголник има примарна цел да ги едуцира родителите и учениците за дезинформации, мисинформации и малинформации. Проектот е добитник на грант за имплементација на знаењата и вештините стекнати на TechCamp Ohrid. Во рамките на проектот беа организирани три работилници во училиштата, партнери во проектот:

– Запознавање со поимите: дезинформација, мисинформација и малинформација

– Методи и техники за вклучување на родителите во превенција и заштита на децата од дезинформации, малинформации и мисинформации

– Зајакнување на соработката ученик-родител во изработката на сценарија и илустрирани стрипови фокусирани на медиумската писменост

Повеќе за овие работилници и материјалите користени при нивна реализација можат да се најдат на веб-страницата на проектот https://medigtriagolnik.wordpress.com/ и може да се користат од други наставници и училишта.

За време на завршниот настан, кој ќе се одржи на 25 јуни, ќе бидат претставени сите проектни активности и ќе бидат прикажани дигиталните верзии на стрипови, како и печатените стрипови.