Проектот „SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност“ има за цел да креира, имплементира и дисеминира нова методологија и ресурси за едукација за сајбер-безбедност во училиштата, комбинирајќи дигитално раскажување приказни, алатки за вештачка интелигенција и учење базирано на игри. Идејата е имплементацијата на проектот да ги зајакне образовните политика за сајбер-безбедност и да развие механизми за едукација на сајбер безбедноста на интересен и привлечен начин. Проектните активности се дел од грантовите KnowCyber, имплементирани од e-Governance Academy (eGA) и финансирани од Европската Унија.
Во рамки на овој проект, објавуваме повик за наставници од основните и средните училишта кои ќе учествуваат во работилница за примена на креираната методологија при едукација за сајбер безбедност и ќе ја применат истата со своите ученици. До апликацијата за повикот може да пристапите на следниот линк https://forms.office.com/e/f6xDr2uM53. Рокот за пријавување е 30.12.2024