Прва онлајн работилница во рамки на проектот “Jed(a)i на новото време: MED-AI”

Првата онлајн работилница во рамки на проектот MED-AI се одржа на 17 декември 2024 година и на истата беа присутни избраните наставници на повикот за наставници кои ќе учествуваат во активностите во рамките на овој проект. Јавниот повик за наставници предизвика голем интерес, а беа избрани дваесет наставници од 10 училишта да учествуваат во работилници фокусирани на развој на материјали за обука, наставни ресурси и активности кои се однесуваат на вештачката интелигенција и медиумската писменост. По завршувањето на работилниците, учесниците ќе ги споделат стекнатите знаења и вештини во своите училишта и ќе ги применат подготвените материјали во наставата со учениците.

Име и презимеПредметУчилиште
Биљана Стојановскаодделенски наставникООУ “Свети Кирил и Методиј” Скопје
Нела Слезенкова Никовскаодделенски наставникООУ “Свети Кирил и Методиј” Скопје
Ѓорѓина ДимоваинформатикаООУ “Страшо Пинџур”- Неготино
Велика Марковахемија и природни наукиООУ “Страшо Пинџур”- Неготино
Игор БогданоскиматематикаООУ “Блаже Конески“ – Прилеп
Марија ТодороскаетикаООУ “Блаже Конески“ – Прилеп
Силвана Јакимовска БиноваматематикаООУ “Страшо Пинџур” Карбинци
Габриела Даскалова Милојевиќгермански јазикООУ “Страшо Пинџур” Карбинци
Зорица Милковаодделенски наставникООУ “Тошо Велков – Пепето” Кавадарци
Ристе Матаководделенски наставникООУ “Тошо Велков – Пепето” Кавадарци
Билјана НиколоваинформатикаООУ “Сандо Масев” – Струмица
Виолета ВасилевахемијаООУ “Сандо Масев” – Струмица
Марија Пупиноска ГоговаинформатикаООУ “Братство Единство”-Охрид
Лизана ЗибаинформатикаООУ “Братство Единство”-Охрид
Александра БлажевскахемијаООУ „Јан Амос Коменски“- Скопје
Јасмина Макалоскаанглиски јазикООУ „Јан Амос Коменски“- Скопје
Благородна СотировинформатикаООУ “Панајот Гиновски” – Скопје
Маре Петроваодделенски наставникООУ “Панајот Гиновски” – Скопје
Елена Миткова Јовановскаелектро стручни предметиДСУ РЦСОО Коле Неделковски, Велес
Славица Карбева СтојковиќматематикаДСУ РЦСОО Коле Неделковски, Велес

За време на првата работилница, наставниците беа запознаени со целите, задачите и методологијата на проектот. Исто така, беа дискутирани фазите на проектот и временската рамка за нивна имплементација. Учесниците ги споделија своите искуства со алатки за вештачка интелигенција и начините на кои ги користат истите во наставниот процес. Беа обезбедени и едукативни материјали и публикации кои се однесуваат на интеграцијата на вештачката интелигенција и медиумската писменост во наставниот процес. Истите наставниците ќе треба да ги прегледаат и анализираат до до следната работилница, поставувајќи основа за заеднички развој на материјали за обука, планови за час и активности кои ќе се имплементираат во наставата.