Диг-Ед на 1.2.2025 година организираше работилница во рамките на проектот „SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност“ на која учествуваа 40 наставници од основни и средни училишта од Република Северна Македонија. По завршување на работилницата наставниците креираа игровни активности користејќи ја SHIELD методологијата и истите ги искористија за реализирање на активности во нивните училишта за време на одбележувањето на денот на побезбеден интернет.
Накратко се опишани дел од рализирнатие активности:
Во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци, средно стручно училиште со приближно 400 ученици беше одбележана неделата на безбедност на интернет со помош на професорот Ѓоко Тодоров. На час по Информатика во неколку класови од прва и втора година, најпрво им беа пуштени неколку едукативни видеа за безбедност на интернет, сајбер вознемирување, дигитален отпечаток и сајбер криминал. Потоа учениците ги пополнија тестот и прашалникот за играта. За работилница е направен пост на училишниот ФБ профил https://www.facebook.com/photo?fbid=1560114682044000&set=pcb.1560116132043855Постот е споделен и од локалната телевизија РТК. Целиот овој настан беше многу интересен за учениците. Научија многу работи во врска со безбедноста на интернетот.



Едукативна игра ,,Отклучи го без бедниот свет” е реализирана во училиштето ООУ ,,Блаже Конески “ во Велес со помош на наставникот Зорица Адамчевска. Играта е применета со учениците од трето одделение. На почетокот од активноста од вкупно 26 ученици, 17 се изјаснија дека имаат свој профил (facebok, tik-tok, Instagram). Активноста се реализираше во 6 групи од по 4-5 ученици. Секоја група заеднички со висок степен на интерес и соработка пополнуваше групна листа со задачи, реално и сликовито претставени како во играта, за полесно и побрзо добивање на резултатите од секој предизвик. Учениците пред почетокот на играта беа запознати со начинот на добивање поени, како и можноста за употреба на картичка за помош. Љубопитност, расположение, интерес, соработка и желбата за победа, беа присутни во текот на целиот игровен процес. Резултатите јавно и транспарентно се запишуваа пред учениците, за на крај да се прогласи победничката екипа. Од добиените резултати се откри дека најтежок предизвик за учениците беше Тајната на силната лозинка и препознавањето на безбедни линкови, што беше добар показател дека едукативни игровни активности од ваков вид, би требало да се применуваат и од помала возраст на ученици. На крај од активноста секој ученик се стекна со Сертификат и порака за наученото: ,,Сега можеш да помогнеш на другите “



• Во училиштето „Никола Карев“ од Пробиштип од страна на наставникот Марија Богатиновска на 10.2.2025 (понеделник) беше одржан отворен час со учениците од 5.а и 5.б одделение, а на 11.2.2025 (вторник) отворен час беше одржан и со учениците од 6.а и 6.б одделение. Учениците преку играта „Патри и неговата сајбер мисија“ којашто произлезе од обуката SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедноста, научија како побезбедно да го користат интернетот. На почетокот на часот на учесниците им беше даден краток предтест за дијагностицирање на предзнаења, како и тест веднаш по играта за проверка на стекнатите знаења во врска со сајбер безбедноста. Играта е конципирана на 3 нивоа со вкупно девет предизвици што учениците треба да ги решат. Преку тие предизвици и загатки учениците се соочија со реални ситуации од секојдневнот живот на коишто често наидуваат додека користат интернет, дискутираа и критички размислуваа при решавањето на предизвиците и успеаја да се стекнат со основни знаења и вештини поврзани со безбедноста на интернет. Секоја група имаше за задача да одбере лидер што ќе бара помош (хинт) доколку им е потребна и ќе ги соопштува одговорите (кодовите) и еден ученик што ќе ја пополнува табелата со поени. На учесниците им беше кажано дека секоја група што ќе освои над 80 поени ќе добие Сертификат за Сајбер-херојска група. Учениците беа ангажирани за време на часот и активно учествуваа во работата на својата група, така што на крајот сите групи постигнаа минимум 90 поени и како награда добија Сертификат. По завршувањето на двете работилници беа обработени податоците од предтестот и тестот по играта. Од добиените резултати од предтестот може да се заклучи дека многу малку ученици претходно знаеле што е силна лозинка (многумина се изјаснија дека воопшто не ја помнат својата лозинка), покажаа дека не умеат да препознаваат вистински линкови и пораки и дека не се сосема свесни за важноста на своите лични податоци што ги оставаат на интернет. Резултатите од тестот по играта покажуваат дека има драстична промена во одговорите на учениците во поглед на креирањето на силни лозинки, како и во препознавањето на вистински и лажни линкови и пораки. Исто така, учениците развија свесност и за тоа дека не треба да премолчуваат малтретирање, закани и опасности што им се случуваат на интернет и научија каде треба да се обратат доколку наидат на нешто сомнително. Од овие две работилници произлезе мотото: ПАМЕТНИТЕ УРЕДИ треба да се користат ПАМЕТНО! Отворените часови беа посетени од директорката, од стручните соработници-педагог и психолог, како и од неколку колеги – одделенски и предметни наставници, а исто така интерес на настанот пројави и локалната телевизија Протел за којашто дадов изјава за локалните вести.

•Во ООУ„Александар Урдаревски“-Сандево, Скопје наставничката Николина Ѓорчевска на 11.02.2025 реализираше активности во кои учесствувале 12 ученици од 7 одделение. Активноста се реализирани за обележување на „Денот на безбеден интернет“ преку играње на едукативна игра на тема „Безбедно онлајн купување“. -Учениците пред почетокот на играта пополнија почетен прашалник https://forms.office.com/e/Vs6dGqS67Q. Учениците пополниле пред-тест и пост-тест пред почетокот и после завршувањето на играта, а после еден месец учениците ќе пополнуваат тест – долготрајно знаење. Од неврзани разговори во текот на првото полугодие констатирано е дека или некои ученици или член од нивното семејство биле жртва на измама при онлај купување. Играта е изработена со помош на ВИ и се состои од три нивоа (секое ниво има свој знак и боја). Секое ниво од играта содржи три предизвици, за точен одговор на предизвик се добива 10 поени. Постои можност за побарување помош, која се наплатува -5 поени. На крајот на секое НИВО има дополнително прашање, за чиј точен одговор се добива 20 поени. Учениците се поделени во 4 групи од по 3 ученици. Во секоја група има еден компјутер и учениците имаат можност за пребарување на точниот одговор на предизвикот. Учениците ја следат играта и предизвиците преку интерактивна табла. Играта се игра офлајн. Наставникот води евиденција за точните одговори на секоја група и доделува ПОМОШ на групата што има побарано.
• По повод Недела на информатика и Денот на побезбеден интернет, учениците од VI до IX одд и наставникот Ристо Ристов, ООУ „Кочо Рацин“ – Дојран учествуваа во низа активности. Некои од нив се: креирање на квизови на знаење во програмскиот јазик С++, креирање на квизови на знаење во програмскиот јазик Scratch, кодирање на Micro:bit уред како мерач на интензитет на светлина и прекинувач на светилка во зависност од интензитетот на светлината. По повод Денот на побезбеден интернет учениците преку решавање на предизвици од играта „Сајбер мисијата на Ана“ успеаја да се стекнат со знаења и вештини поврзани со секојдневното користење на интернетот и социјалните мрежи, научија како да препознаваат лажни пораки и линкови и како да откриваат форми на сајбер насилство или манипулација.








• Во ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” во Велес, наставниците Наталија Ашиковска и Славица Карбева Стојковиќ ги имплементираа игрите „Најдобриот чувар на податоци“, „Миха и социјалните мрежи“ и „Код црвено“. Учениците имаа можност преку дискусии за различни аспекти од сајбер безбедноста да ги подобрат своите дигитални вештини за заштита на личните податоци и одговорно користење на социјалните мрежи, со цел да бидат одговорни и свесни дигитални граѓани. Активноста се реализираше со вклучување на ученици од осум класа од прва до четврта година, со 166 ученици. Иако, при креирањето на игрите ги искористивме најчестите ситуации со кои секојдневно се среќаваме во дигиталното опкружување и имавме впечаток дека поставените предизвици се познати на учениците и можеби предвидливи за нивната возраст, сепак, од резултатите на прашалниците и развиените дискусии произлезе впечатокот дека и покрај нивната информираност за безбедните начини на делување, во реалноста нивното практикување не е на задоволително ниво. Пред играта ученици го пополнија Прашалникот https://forms.office.com/e/Vs6dGqS67Q и Пред тест на темата на играта https://forms.office.com/e/yju63370Ct?origin=lprLink. По играта пополнија пост тест на тема на играта https://forms.office.com/e/SqefChJybw?origin=lprLink и прашалникот https://forms.office.com/e/iwqTEqaPjs. По еден месец ќе им биде споделен и тест-долготрајно знаење и комплетните податоци ќе бидат поставени во соодветниот фолдер.





