Презентација на резултатите од SHIELD проектот на EAI CSECS 2025

За време на Четвртата EAI Conference on Computer Science and Education in Computer Science, која се одржа од 1 до 3 јули во Братислава, Словачка, Владимир Трајковиќ како поканет предавач ја претстави методологијата и резултатите од имплементацијата на проектот SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност. Маја Виденовик и Мирјана Јанкуловска, како ко-автори во развивањето, имплементацијата и истражувањето поврзано со оваа методологија, исто така беа присутни на конференцијата. Проектот е дел од иницијативата KnowCyber, имплементирана во рамките на проектот Cyber Balkans, финансиран од Европската Унија, со цел да се продлабочи дигиталната писменост кај наставниците и учениците, особено во областа на сајбер безбедноста и дигиталната писменост, преку комбинирање на дигитално раскажување, алатки со вештачка интелигенција, елементи од игри и учење преку игра.

Под насловот AI-Powered Storytelling and Game-Based Learning: A Framework for Digital Competence in ICT Education, Владимир претстави прилагодлива методологија која комбинира раскажување приказни потпомогнато од вештачка интелигенција со учење базирано на игри, во насока на унапредување на дигиталните компетенции кај учениците. Развиена како дел од проектот SHIELD, оваа рамка интегрира наративни игри во повеќе нивоа дизајнирани со помош на вештачка интелигенција, кои генерираат прилагодена содржина, предизвици и интерактивни сценарија во согласност со клучните образовни цели како што се дигитална писменост, онлајн безбедност и етичко користење на технологија.

Имплементирана во комбиниран формат, методологијата вклучува групна игровна активност која се имплементира во училница, и дополнителна онлајн игра за индивидуално продлабочување на знаењето. Методологијата за евалуација вклучува пред-тест, непосреден пост-тест и пост-тест спроведен после еден месец, што овозможува анализа на задржување на знаењето и влијание врз однесувањето на ученииците.

Користејќи студија на случај за сајбер насилство, беше прикажано како раскажувањето приказни и етичките дилеми можат ефективно да ги вклучат учениците во критичко размислување и донесување одлуки. Презентацијата заврши со практични насоки и препораки за наставниците кои се заинтересирани за интеграција на стратегии базирани на игра и поддржани од вештачка интелигенција во својата настава.

На конференцијата беа претставени првичните резултати од примената на оваа методологија во четири училишта во Северна Македонија (две основни и две средни), во кои беа вклучени 224 ученици. Резултатите ја истакнаа ефикасноста на EduGame-AI методологијата за продлабочување на знаењата на учениците, нивната мотивација и ангажираност и стекнување на долготрјни знаења. Усогласеноста во резултатите од постигањата на учениците, анкетите и повратната информација на учениците укажува на придобивките од оваа методологија и можноста истата да се применува и во други области.

За време на конференцијата, претставниците на Dig-Ed имаа можност да разговараат со другите учесници за идејата и резултатите од проектот, како и да разменат идеи за можности за идна соработка.