На 12 мај со почеток од 18 часот ќе се реализира вториот вебинар на тема „Презентација на добри практики на онлајн алатки за формативно оценување и креирање на дигитални СТЕМ материјали“. Истиот се реализира во соработка со Scientix. На овој вебинар презентери се две одделенски наставнички Зорица Милкова од ООУ „Тошо Велков Пепето“ – Кавадарци и Елена Апостолова од ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје. Учесниците ќе може да се запознаат со алатките кои тие ги користат за онлајн формативно оценување.
За да учестувате на вебинарот пријавете се на следниот линк.