Маја Виденовиќ беше панелист на УНИЦЕФ конференција: Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања, на 9 и 10.03.2022. Таа зборуваше за едукацијата на учениците во дигитално опкружување за време на панел дискусијата: Постигнување рамнотежа меѓу сè поголемата важност на технологијата и дигиталните вештини, од една страна, и добросостојбата и менталното здравје на учениците.
Во делот од дискусијата кој се однесуваше на онлајн безбедност, дигитална писменост и подготвеноста на учениците и наставниците, таа зборуваше за активностите и научените лекции во текот на имплементацијата на проектот “Користење на игри за учење за сајбер-безбедност и справување со дезинформации“. Франческа Готшалк, аналитичар на ОЕЦД во проектот „Децата во 21от век“ покажа особен интерес за проектните активности и поттикна понатамошна дискусија за проектот.