Од 24-ти до 28-ми октомври 2022 година во основното училиште „Страшо Пинџур“, Неготино, Македонија, се реализираше обуката за обучувачи на наставници за LCA. Маја Виденовиќ и Мирјана Јанкуловска како претставници на Диг-Ед активно учествуваа на оваа обука.
Во текот на секој ден беа реализирани оригинални обуки предводени од идните наставници-обучувачи за LCA. Повратни информации за нивната обука беа собрани од различни страни: од учесниците (преку Google Forms), од набљудувачи на LCA според опсервацискиот лист од LCA и двајца експерти за LCA – оценувачи, Јана Чинорадска и Габриела Лојова. Она што беше убедливо најважната компонента на овој процес на обука на наставници беше саморефлексијата на идниот наставник-обучувач за LCA откако ги слушнал сите повратни информации.
Многу сме горди што Маја Виденовиќ успеа да се валидира како сертифициран LCA наставник-обучувач.