Зајакнување на едукаторите со дигитално културно наследство: придружете се на Еuropeana MOOC!

Europeana MOOC „Дигитално образование со културно наследство“ истражува во образовниот потенцијал на дигиталното културно наследство и ве подготвува за негово имплементирање со користење на дигитални технологии.

Овој MOOC ја користи дигитализираната збирка на културното наследство и содржини на Europeana од блогот Настава со Europeana. Преку него, учесниците се запознаваат со мноштво ресурси во повеќе формати (како што се слики, видеа, текстови, 3D) и повеќе јазици и разни алатки како Transcribathon, Historiana и други готови материјали кои лесно можат да ги интегрираат во нивните образовни активности, вклучително и STEM часови. Покрај тоа, курсот ќе го воведе шаблонот за сценарио за учење и ќе ги води учесниците да го користат и да изградат свој.

Оваа година во рамките на MOOC се надградени содржини и ресурси кои ќе ве научат како да користите аудиовизуелен материјал во образованието. Исто така предвиден е и вебинар кој ќе ви помогне да дознаете повеќе за API’s на Europeana и конечно ќе биде отворен за друга образовна публика во високото образование, особено за обука на наставници.

Иновирајте ја вашата стратегија за образование и пријавете се!