Ајде да кодираме игри

Центарот за иновации и дигитална едукација „Диг-Ед“ организираше настан за време на CodeWeek – Ајде да кодираме игри. Неговата организација беше поддржана од иницијативата Meet and code. Настанот беше дел од акцијата: Разновидност. Meet and code се организирани и поддржани од SAP, Haus des Stiftens gGmbH, TechSoup Europe и Metamorphosis во Македонија.

Настанот се реализираше во две основни училишта во Македонија, ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје и ООУ „Страшо Пинџур“ во Неготино. Во него учествуваа околу 40 ученици од 11 до 14 години. Самиот настан се состоеше од три работилници, што се одржуваа на 07.10.2019, 14.10.2019 и 16.10.2019 година.

Идејата на настанот беше да се зајакнат вештините на учениците за создавање игри со употреба на Микро:бит без оглед на нивниот пол, националност, социјален и економски статус и сл. Сите тие имаа различно потекло, но едно нешто беше заедничко на сите ученици: интерес за создавање и играње игра.

За време на првата работилница, учениците беа запознаени со Микро:бит, можностите, како да се кодира и како да се направи врска помеѓу два уреди.

На втората работилница учениците започнаа да кодираат едноставна игра користејќи проемнливи, цртаа точки, ги придвижуваат и користеа понапредно програмирање. Учениците уживаа да ја играат креираната игра.

    

Третата работилница опфаќаше активности за креирање на игра со двајца играчи. Учениците ја подобрија претходно креираната игра и беа задоволни бидејќи нивната идеја функционираше. Учениците играа, се натпреваруваа и ја уживаа во активноста.

         

Сите ученици активно учествуваа на настанот без оглед на нивното потекло. Тие уште еднаш покажаа дека со комуникација и соработка сè може да се направи успешно. По настанот, учениците прашуваа кога ќе се организира друг настан, бидејќи ја сакаат активноста и сакаат да создадат повеќе игри (дури имаа и свои идеи).