Биди паметен наставник – Користи паметни уреди

Вовед

Денес паметната технологија е најдобар пријател на учениците. Тие растат во свет опкружен со технологија и училиштата треба да најдат начин како тоа да го искористат во наставата. Наместо да се забрани употребата на телефони во училиштата, нудиме начин како да се интегрира во училницата и акко да се направи најдобар пријател на наставникот.

Учесници

Секој наставник кој е заинтересиран за употреба на мобилни телефони во наставата. Не се потребни никакви посебни предзнаења или вештини.

Детали за обуката

  • Обуката има за цел развој на вештини кај наставниците за користење на паметни технологии во наставата
  • Практична работа со презентирани алатките во текот на обуката
  • Презентација на апликации согласно предметот кој го предаваат учесниците
  • Различни алатки за формативно оценување како kahoot, socrative…
  • Вовед во светот на 3D технологија
  • Учење базирано на игра преку QR кодови
  • Користење онлајн медиуми и интерактивни презентации со sli.do.
  • Дискусија и рефлексија на алатките кои може да се користат во наставата
  • Запознавање со алатки и веб сајтови кои може да се користат за понатамошен професионален развој