Вебинар “Презентација на Scientix 4”

На 16 декември со почеток во 18 часот ДИГ-Ед ќе го организира првиот вебинар како Навионална контакт точка на Scientix.

Вебинарот е наменет за наставници и стручна служба од училиштата. Учесниците ќе се запознаат со целите, ресурсите и можностите кои ги нуди Scientix 4. Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД ќе ги претстави планираните активности како Национална контакт точка на Scientix. Вебинарот ќе го води Маја Виденовиќ.

Вебинарот ќе се реализира на македонски јазик. Сите учесници ќе добијат сертификат за присуство.

Пријави на следниот линк.