Видео материјали на тема Медиумска писменост

Во насока на збогатување на базата на едукативни материјали на македонски јазик поврзани со медиумска писменост студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во рамки на предметот Медиуми и комуникации, креираа едукативни видеа наменети за ученици од основно образование.

Идејата за креирање на вакви видеа произлезе од повратната информација добиена од учениците при имплементација на проектот „Користење на игри за учење за сајбер-безбедност и справување со дезинформации“, поддржан и финансиран од Амбасадата на САД. Имено, при изготвување на едукативни содржини учениците од основните училишта го идентификуваа недостигот од материјали на оваа тема на македонски јазик. За таа цел, Центарот за иновации и дигитална едукацијa оствари соработка со студентите од ФИНКИ, кои креираа едукативни видеа на теми поврзани со сајбер безбедност и справување со дезинформации. До овие видеа можете да пристапите на следниот линк: https://youtube.com/playlist?list=PLixCqUMszvgm57YHjPjatbvtlEU8B-Ip3 и може да ги користете со CC-BY лиценца. Се надеваме дека истите ќе може да ги искористите вие или вашите ученици за продлабочување на знаењата поврзани со медиумскаа писменост.

Им упатуваме огромна благодарност на студентите од ФИНКИ за нивната поддршка во процесот на збогатување на едукативните содржини кои може да се користат во наставни цели.

Напишете коментар

Name *
Email *
Website