Вклучете се во SDC22

2022 STEM Discovery Campaign е меѓународна заедничка иницијатива организирана од Scientix која поканува проекти, организации, библиотеки, училишта, универзитети и младински клубови низ Европа и ширум светот да ги промовираат кариерите и студиите во областите на науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ).

Темата за овогодинешната кампања е:

СТЕМ за сите

Кампањата ќе трае од 1 февруари до 30 април 2022 со врв на активностите во текот на неделата од 23 – 30 арпил. Кампањата работи на промовирање на посветеноста на наставниците од цела Европа и секоја засегната страна во образованието за подобрување на СТЕМ образованието и интересот на учениците за изучување на СТЕМ предметите.

Ве охрабруваме да се вклучите во кампањата со организирање на ваши активности, нивно прикажување на мапата на Stem Discovery кампањата и учество во некој од натпреварите. Повеќе за кампањата како и начинот на вклучување прочитајте на следниот линк.