Влезете во „STEM Alliance – Minecraft: натпревар од обласата на образованието“ со вашите ученици!

Дали вие и вашите ученици би сакале да учествувате на натпревар? Што е со создавање свет со Minecraft: Education Edition? Ве покануваме вас и вашиот клас да учествувате во „STEM Alliance – Minecraft: Натпревар од областа на образованието“, кој ќе трае од 1 март до 30 април 2022 година во 23:59 часот по средноевропско време, под тема „Активен граѓанин: Градење за мир“.

Натпреварот ги повикува наставниците и едукаторите кои им предаваат на учениците во основните и средните училишта во Европа да го интегрираат Minecraft: Education Edition во нивната настава. Она што ќе треба да направите е да го поделите вашиот клас во групи од најмногу пет студенти и да прикажете видео од 90 секунди со турнејата низ светот на Minecraft: Education Edition што вашите ученици го создале. Меѓу најдобрите пријавени, ќе има шест победнички тимови во секоја од двете категории:

-Ученици на возраст од 13 или помлади

-Ученици на возраст од 14 или постари

Наградите за првите двајца победници од секоја категорија ќе се состојат од промотивно видео, како и од различни производи на Minecraft. Наградата за третото место за секоја категорија ќе се состои од производи од Minecraft. Дали сакате да учествувате? Посетете ја веб-страницата на натпреварот! Со нетрпение ги очекуваме вашите светови на Minecraft!

Напишете коментар

Name *
Email *
Website