Гласајте за вашите омилени ресурси за репозиториумот на Scientix во кампањата за преведувачки услуги 5

Барате ресурси за настава на свој јазик?

Со почетокот на новата учебна година, Scientix и STEM School Label ве покануваат да гласате за вашите омилени ресурси во репозиториумот на ресурси на Scientix. Најизгласаните ресурси ќе бидат преведени на 37 јазици!

Петтото издание на Кампањата за преведувачки услуги ќе се фокусира на STEM School Label клучниот елемент на „Оценување и училишна инфраструктура“ и ќе се одржи од 19 септември до 6 јануари.

Досега, благодарение на Кампањата за Преведувачки услуги, преведени се 10 ресурси од девет проекти. Темите на овие материјали се многу разновидни и се движат од дизајнирање здрав, мултикултурен оброк до истражување на тоа како планктонот влијае на климатските промени меѓу другите иновативни и забавни теми STEM!

Прочитајте ги упатствата за тоа како да го дадете вашиот глас овде и направете го вашиот омилен ресурс достапен за многу луѓе!

Напишете коментар

Name *
Email *
Website