Дигитални вештини: достапни курсеви за новите технологии и дигиталната трансформација

Digital SkillUp (DSU) е нова иницијатива за онлајн учење финансирана од Европската Унија. Таа може да ти помогне да го најдеш начинот за да го подобриш твоето разбирање и знаење за новите технологии и дигиталната трансформација.

DSU иницијативата нуди три безплатни и лесни за следење онлајн курсеви на 10 Европски јазици (Англиски, Холандски, Германски, Грчки, Полски, Романски, Шпански, Хрватски и Италијански):

  • Digital Revolution: Од компјутери до апликации, од Интернет до Облак, овој курс истражува како дигитализацијата стана толку продорна, ризикот кој произлегува од технологиите и како да се намали и совети за користење на технологијата за подобрување на нашиот живот на работа и дома.
  • Emerging Technologies: Тие се иднината – но што се тие? Каде се применуваат? Како ќе се развијат и како ќе влијаат на нашата работа, бизнис или живот?
  • Cybersecurity: Основните вештини прават голема разлика за дигиталната безбедност. Во овј курс се опфатени основите на сајбер-безбедност со примери од секојдневниот живот.

Фокусот на курсот е да обезбеди подобро разбирање и основно знаење на сите суштински аспекти поврзани со имплементација на новите технологии во секоја област од ѓивотот и работата на едноставен и разбилив јазик со главна цел да ги направи сложените технолошки и етички/социјални концепти достапни за сите. Поради тоа курсот е погоден за наставници, постари студенти, родители и наставен кадар.

Каталог од курсеви additional training courses од ниво за почетници до експерти е креиран од обучувачи, компании и универзитети ти дава можност да ги зголемиш твоите дигитални вештини.