Дигитални вештини: достапни курсеви за новите технологии и дигитална трансформација

Digital SkillUp (DSU)  е нова иницијатива за онлајн учење финансирана од ЕУ, нејзината цел е да ви помогне да најдете начин да го подобрите вашето разбирање и знаење поврзано со новите технологии и дигиталната трансформација. Научете како да го искористите максимумот од нив и во професионална и во лична смисла со помош на бесплатните онлајн курсеви!

DSU иницијативата нуди три безплатни и лесни за следење онлајн курсеви на 10 Европски јазици (English, Dutch, French, German, Greek, Polish, Romanian, Spanish, Croatian, Italian) каде се објаснува се што ви е потребно за дигиталната револуција клучните технологии и сајбер безбедноста:

  • Digital Revolution: Од компјутери до апликации, од интернет до Облак, овој курс ги истражува како дигитализацијата стана толку распространета, ризиците што ги претставуваат технологиите и како да се намалат и совети за искористување на технологијата за подобрување на нашиот живот на работа и дома.
  • Emerging Technologies: Тие се иднината – но што се тие? Каде тие се применуваат? Како тие ќе се развијат и како ќе влијаат на нашата работа на нашата работа, бизнис и живот? Курсот ги истражува овие теми со подлабок пристап во IoT роботика и AR/VR/MR.
  • Cybersecurity: Основните вештини прават огромна разлика за дигиталната безбедност. Во овој курс за да се опфатат основите на сајбер безбедноста со примери од секојдневниот живот и вежби чија цел е градење на поедноставен план на активности за приванта и професионална употреба.

Дизајнот на курсот се фокусира на обезбедување на добро разбирање и основно знаење на сите основни аспекти поврзани со имплементирање на технологиите кои се појавуваат во секоја област од животот и работата на едноставен и прифатлив јазик и со главна цел да се направи сложениот технолошки и етички/социјален конценпт достапен за сите. Поради тоа курсевите се прифатливи за едукаторите, постарите студенти, родителите и наставниците за да можат да почнат со овие теми и да изградат основни компетенции кои ќе им овозможат секојдневно и во едукативни цели да ги користат технологиите кои се појавуват.

Во продолжение каталог од стотици курсеви за обука additional training courses од ниво за почетници до експерти креиран од врни обучувачи, компании и универзитети ќе ви овозможи да ги зголемите дигиталните вештини.

Digital SkillUp е придонес кон Digital Skills and Jobs Platform и го сочинува неговиот столб за учење на технологиите кои се појавуваат. Започнете го вашето искуство за учење и овозмежете си себеси успешен пат кон иднината! Посетете ја digitalskillup.eu.