Диг-Ед – Национална контакт точка за Scientix во периодот 2020 – 2022

Диг-Ед  е избран за Национална контакт точка за Scientix 4  во периодот 2020 – 2022 година. Целите на Scientix 4 се исти како и за Scientix 3: да се обезбеди продолжување /прилагодување на активностите на Scientix и да се придонесе и да се поддржи развојот на национални стратегии и активности за подобрување на СТЕМ наставата. Главните активности на Диг-Ед како Национална Контакт Точка ќе бидат насочени кон:

  • поддршка на дисеминација на Scientix на национално ниво и размена на знаења и практики во врска со СТЕМ образованието
  • организација на активности за промовирање на СТЕМ образованието на национално ниво
  • поддршка на училиштата за развој на нивните СТЕМ училишни стратегии.

Заедно со Scientix амбасадорите се надеваме дека ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на СТЕМ образованието на национално ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *