Дисеминација на активностите во рамки на проектот “Upgrade with learner centered approach”

Промоција на проектните активности во рамки на Еразмус+ проектот “Upgrade with learner centered approach” беше извршена пред околу 30 учесници со цел нивно запознавање со целите на проектот како и со досега реализираните активности.

Рамката за развивање на компетенциите на наставниците за имплементација на настава со фокус на ученикот им беше презентирана на учесниците на работилницата. Истите беа запознаени со можноста за идентификување на нивото на компетенции на наставниците во неколку области, комбинирање во две категории: Centered Approach and Learn & Lead. Исто така беше објасне и процесот за развој на компетенциите на наставниците во овие категории, започнувајќи од идентификување на нивото на компетенции во секоја од областите, преку пронаоѓање на начини за нивно подобрување до имплементација на различни активности со цел развој на одредена компетенција.

Процесот на самооценување на наставниците беше презентиран и објаснет пред учесниците на работилницата, а истите беа и поттикнати да извршат самооценуавње на нивните компетенции користеејќи ја поставената рамка на њеб страната на проектот на следниот линк: ОЦЕНУВАЊЕ (MK) – Welcome to the Learner-centred Approach (ku.sk)