Едукативни видеа поврзани со информатички поими

Студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во рамки на предметот Медиуми и комуникации креираа едукативни видеа во кои нудат објаснување за најразлични информатички поими. Целта на оваа активност е да се збогати базата на едукативни ресурси на македонски јазик во областа на информаатиката за ученици од основно образование. Овие видеа може да се искористат од учениците и наставниците за полесно совладување на одредени поими од информатиката.

Центарот за иновации и дигитална едукација оствари соработка со овие студенти од ФИНКИ и доби дозвола за нивно објавување. До овие видеа може да пристапите на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=vZx1ofsD1YE&list=PLixCqUMszvgk7UKiyTa_v9j6-ioFdv1L7  и истите може да се искористат со CC-BY лиценца. Се надеваме дека овие ресурси ќе бидат корисни и за наставниците и за учениците.

Им упатуваме огромна благодарност на студентите од ФИНКИ за нивната поддршка во процесот на збогатување на едукативните содржини на македонски јазик.