Интересни активности на сајтот на Наука за деца

Еден од начините за поттикнување на интересот и мотивацијата на учениците за совладување на математиката и природните науки, особено во време кога заради корона вирусот се затворени дома, е обезбедување на интересни, лесни и забавни активности кои може да се направат самостојно во домашни услови.

Еден сегмент од информациите кои се достапни за сите на иницијативата „Наука за деца“ е делот со активности, каде учениците се поттикнуваат на најразлични експерименти од математика и природни науки. За секој експеримент се наведуваат потребните материјали, детално упатство за реализација и која е едукативната вредност од тој експеримент.

Активностите се достапни на следниот линк: https://www.naukazadeca.mk/experiments.php