Интернационална конференција ULCA: Pathway to Excellent Schools

Маја Виденовиќ и Мирјана Јанкуловска, како претставници од Диг-Ед учествуваа на интернационалната конференција ULCA: Pathway to Excellent Schools, Knowledge-sharing & Networking in Education, која се одржа на 9 и 10.11.2022 во Ружомберок, Словачка. Конференцијата беше организирана како завршен настан во рамки на проектот KA203 Erasmus+ “Upgrade with Learner-centred Approach” (број. 2020-1-SK01-KA203-078306). На конференцијата учествуваа наставници, директори и студенти и главната цел беше да се презентираат крајните резултати во полето на учење со фокус на ученикот, како резултат на имплементација на проектните активности.

Над 100 учесници од Словачка, Литванија, Латвија, Македонија, Словенија, Труција, Нигерија, Индонезија, Филипините итн. учествуваа на конференцијата. Скоро сите учессници од партнер организациите имаа свое излагање на конференцијата, презентирајќи го своето искуство.

Мирјана Јанкуловска го сподели своето искуство од обуките за Пристап на учење со фокус на ученикот и Учи&Води, а Маја Виденовиќ го сподели нејзиното искуство од обуката за LCA обучувачи. Исто така заедно со Ѓорѓина Димова реализираше и работилнца „Интеграција на дигитални алатки како поддршка на активното учење“.