Истакнете ја важноста на креативноста во СТЕМ преку STE(A)M IT Competitions 2021

STE(A)M IT Competitions 2021, организиран во рамки на STEM Discovery Campaign 2021, има за цел да ја истакне важноста на креативноста во СТЕМ образованието, како и да интегрира СТЕМ со другите дисциплини. Се состои од два натпревари:

  1. STE(A)M IT натпревар за ученици од основните училишта (ученици на возраст од 4 до 12 години)
  2. STE(A)M IT натпревар за ученици од средните училишта (ученици на возраст од 13 до 18 години)

Најдобрите наставни практики (сценарија и приказни за имплементација) ќе бидат вклучени во Scientix Repository и објавени на STE(A)M IT порталот. Победниците исто така ќе бидат повикани да се приклучат на  STE(A)M IT Career Advisors’ Network.

Повеќе информации за овој натпревар може да прочитате во документот на следниот линк или да ја посетите страната на 2021 STEM Discovery Campaign.