Креирани интро видеа за игрите во Scratch со карактери од 5+ Фамилија на тема „Сајбер-безбедност и справување со дезинформации“

Во рамки на соработката на Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед и ОХО продукција, беа изготвени интро видеа за игрите со карактери од 5+ Фамилија на тема „Сајбер-безбедност и справување со дезинформации“. Интро видета претставуваат надоврзување на едукативните видеа изготвени од OXO продукција и вовед во игрите креирани во Scratch за продлабочување на знаењата на учениците за сајбер-безбедност и справување со дезинформации. Огромна благодарност до учениците Tеодора Стојчевска, Кристијан Матески, Калина Ацевска, Бисера Дрндар, Мила Петковска и Ања Симоновска од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје кои со огромен ентузијазам и упорност работеа на овие материјали. Се надеваме дека ќе може да ги искористите за на еден интересен и забавен начин да ги продлабочите знаењата за овие интересни теми.