Членовите од Центарот за иновации и дигитална едукација успешно го завршија преводот на едукативни видеа и истите континуирано се синхронизираат од страна на ОХО продукција. Видеата се однесуваат на наставните содржини по биологија, хемија, физика и математика согласно наставната програма, за реализација во месеците март, април и мај. Се надеваме дека ќе ви користат при реализација на наставата и доближување на наставните содржини до учениците.
Видеата може да ги погледнете на сајтот на Наука за деца
Видеата по биологија се достапни на следниот линк: https://www.naukazadeca.mk/videos.php?predmet=4
Видеата по хемија се достапни на следниот линк: https://www.naukazadeca.mk/videos.php?predmet=3
Видеата по физика се достапни на следниот линк: https://www.naukazadeca.mk/videos.php?predmet=2
Видеата по математика се достапни на следниот линк: https://www.naukazadeca.mk/videos.php?predmet=1