Намали ризик – медиумска писменост на македонски јазик

Проектот “Native Terms of Media Literacy Give You Better Capacity”, односно со македонски наслов, „Намали ризик – медиумска писменост на македонски јазик“ е создаден како резултат на потребата да се пронајде соодветен превод на термини кои се користат во медиумската писменост. Во наставниот процес многу е важно учениците да ги разбираат поимите и да ги користат на литературен македонски јазик. Исто така, постои потреба за примена на македонските термини од медиумска писменост.
Во овој проект ќе се искористи експертизата на наставниците, преведувачите, новинарите и експерти за дигитални едукативни игри (микролекции) за да се преведат термините од медиумска писменост на македоснки јазик и да се обезбеди соодветен пристап за имплементирање на истите.
Досега се идентификуваа поими кои учениците ги учат во рамките на медиумската писменост, а немаат соодветен превод. Поими кои треба да им ги доближиме на учениците за да можат да ги совладаат содржините и полесно да се снаоѓаат во светот на медиумите. Овие поими ги преведивме и ги протолкувавме и се тоа го спакувавме во еден мал, но корисен речник. Подготвивме и интерактивна дигитална игра, а и материјали кои наставниците можат да ги користат на часовите.
Очекувајте промоција на речникот, на играта и материјалите за наставниците во следниот период.