#Науказадеца

Хаштагот #НаукаЗаДеца, како дел од иницијативата „Наука за деца“ започна како повик на студентите (прво на Финки, но повикот е отворен за сите) да креираат кратки видеа со експерименти што се направени во домашни услови и споделени по социјалните мрежи. Идејата е се развива соученичко учење при што помалите ученици ќе учат од повозрасните, следејќи ги видеата креирани од нив.

Се надеваме дека бројот на експерименти ќе расте, и дека голем број на научници, наставници, студенти и научни ентузијасти ќе се приклучат на оваа иницијатива. Нашата желба е да се појават што е можно повеќе дигитални едукативни ресурси и содржини на македонски јазик.

Овие интересни експерименти може да ги најдете на следниот линк: https://www.naukazadeca.mk/tiktok.php?tiktok=111

Напишете коментар

Name *
Email *
Website