Обука “Building excellent schools based on the EFQM model of excellence”

Во рамки на Еразмус+ проектот “Upgrade with learner centered approach”, претставници од Диг-Ед учествуваа на обука “Building excellent schools based on the EFQM model of excellence”. Обуката се реализираше во Рига, Латвија од 22.08.2022 до 26.08.2022. Главна цел на обуката беше да се запознаат организациите со концептот на самоевалуација согласно EFQM (European Foundation for Quality of Management) моделот и да им се помогне да го започнат своето патување кон успешни организации.

За време на обуката се дискутираше за различните начини на воспоставување на клима на успешност. Учесниците беа поттикнувани да размислуваат за нивните организации, да започнат од нивната визија и мисија (одговарајќи на прашањето зошто), да објаснат како ќе ги постигнат нивните цели и кои активности ќе ги реализираат. Ова беше одличен пристап како да се поврзат целите на организацијата со активностите кои ги реализираат.

На учесниците им беше претставен EFQM моделот како и критериумите за успешност на една организација. Учесниците, работејќи во парови, извршија самоевалуација на нивните организации и потоа анализираа студија на случај за училиште кое е признато за својата успешност согласно овој модел. Беше извршена анализа на оваа студија на случај и беа идентификувани јаките слаби и основните поенти за подобрување на работата.

За време на обуката беше посетено и училиште кое е признато за својата успешност согласно овој модел и се дискутираше за процесот на постигнување на успешност. За време на посетата беше организирана и посета низ стариот град на Рига, беше организирана тура со брод, беше посетен блискиот приморски град Јурмала, учесниците имаа заедничка вечера. Овие активности доведоа до зајакнување на комуникацијата и соработката помеѓу учесниците и беа воспоставени основи за понатамошна соработка.

Напишете коментар

Name *
Email *
Website