Втората онлајн работилница во рамки на проектот „Jed(a) of a New Time: MED-AI“ се одржа на 23 декември 2024 година. За време на работилницата беше нагласена важноста од интеграцијата на вештачката интелигенција (ВИ) во образованието, особено во едукацијата за медиумска писменост. Учесниците беа запознаени со потребните компетенции на наставниците поврзани со вештачката интелигенција. Беа презентирани различни алатки за вештачка интелигенција и можности за нивна интеграција во наставата. Дополнителни алатки и ресурси им беа споделени на учесниците, охрабрувајќи ги за понатамошно истражување и размислување како истите може да се користат во наставниот процес. Работилницата се осврна и на етичкото користење на вештачката интелигенција во образованието.
Беа презентирани клучните концепти и принципи на медиумската писменост, како и употребата на вештачката интелигенција во едукацијата за медиумска писменост. Учесниците беа запознаени со предложениот методолошки пристап, неговата едукативна вредност и потенцијалните теми за имплементација во училница. За време на работилницата беше објаснет процесот на креирање на план за час со користење на вештачка интелигенција во медиумската писменост. Беа презентирани и примери на креирани планови за час и активности во училницата кои користат алатки за вештачка интелигенција.
Беа договорени и следните чекори во заедничкото дизајнирање на материјали, како и начинот на комуникација и споделување ресурси во следниот период.