Онлајн часови програмирање во време на пандемија

Во периодот од март – јуни 2020 кога сите учениците од дома следеа настава многу организации нудеа интересни часови со користење на онлајн алатките.

Едни од тие беа code.org.

Секоја среда преку zoom ученици од цел свет се вклучуваа на часови по програмирање. Секој час беше спроведен од различни личности – програмери но и јавни личности.

Диг-Ед овозможи учество на наши ученици на овие часови преку нашите наставнички по информатика Маја Виденовиќ и Ѓорѓина Димова.

22 април Час со Бил Гејтс

Бил Гејтс зборуваше за пандемијата, како се проценува со помош на програмирањето како ќе расте бројот на заразени во случај да не се придржуваме на мерките и доколку се придржуваме на мерките. Потоа некои ученици имаа можност и лично да му постават прашања.

 

13 мај

Денес со учениците од 7 одд. учевме за променливи и пресметување. Учевме и за човечките компјутери – жените кои за време на Втората светска војна работеле на сложени пресметки поврзани со нуклеарните реакции. Се запознавме со актерката Yara Shahidi и креаторот на Google Sheets Fuzzy Khosrowshahi.