Панел дискусија „Зошто е важно изучувањето математика за идните претприемачи“

Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед организираше панел дискусија на тема „Зошто е важно изучувањето математика за идните претприемачи“. Овој настан се реализираше како дел од Глобалната недела на претприемништвото 2023, во организација на StartUpMacedonia. Панел дискусијата се спроведе онлајн на 15.11.2023 во 19:30. Модератор на настанот беше Маја Виденовиќ, а панелисти беа Игор Богдановски и Игор Николовски, наставници по математика.

На почетокот се дискутираше за важноста на изучувањето на математиката за развивање на голем број на вештини потребни на учениците за живот во овој динамичен свет, како и вештини кои им се потребни како идни претприемачи, со фокус на критичкото размислување и финансиската писменост. Потоа се проанализираа низа активности кои може да доведат до развој на овие вештини. За време на дискусијата се направи осврт и на предизвиците со кои се соочуваат наставниците за развој на овие вештини, а беа дискутирани и идните чекори во насока на подобрување на квалитетот на наставата за развивање на вештини кај учениците кои би им биле потребни како идни претприемачи.