Повик за амбасадори на Scientix 2023-2024

Scientix бара динамични, мотивирани и креативни наставници и едукатори кои ќе се приклучат на панелот за амбасадори на Scientix. Панелот за амбасадори на Scientix, кој веќе се состои од повеќе од 1.000 едукатори, сега е отворен за дополнителни апликации.

Амбасадорите на Scientix се активни или пензионирани наставници и други едукатори. Амбасадорите на Scientix помагаат во споделувањето на активностите на Scientix на национално ниво и играат активна улога во поддршката на иновациите во STEM образованието во нивните земји.

За да бидат успешни со својата апликација, од кандидатите за амбасадор на Scientix се бара да поминат низ неколку чекори, вклучително и завршување на еден од четирите MOOC на Scientix, чество во STEM активности во кампањата STEM Discovery 2023, завршување на курс за обука и друго.

Крајниот рок за аплицирање е 7 април 2023 година. За повеќе информации кликнете овде.