Првата онлајн работилница во рамки на проектот MED-AI се одржа на 17 декември 2024 година и на истата беа присутни избраните наставници на повикот за наставници кои ќе учествуваат во активностите во рамките на овој проект. Јавниот повик за наставници предизвика голем интерес, а беа избрани дваесет наставници од 10 училишта да учествуваат во работилници фокусирани на развој на материјали за обука, наставни ресурси и активности кои се однесуваат на вештачката интелигенција и медиумската писменост. По завршувањето на работилниците, учесниците ќе ги споделат стекнатите знаења и вештини во своите училишта и ќе ги применат подготвените материјали во наставата со учениците.
Име и презиме | Предмет | Училиште |
Биљана Стојановска | одделенски наставник | ООУ “Свети Кирил и Методиј” Скопје |
Нела Слезенкова Никовска | одделенски наставник | ООУ “Свети Кирил и Методиј” Скопје |
Ѓорѓина Димова | информатика | ООУ “Страшо Пинџур”- Неготино |
Велика Маркова | хемија и природни науки | ООУ “Страшо Пинџур”- Неготино |
Игор Богданоски | математика | ООУ “Блаже Конески“ – Прилеп |
Марија Тодороска | етика | ООУ “Блаже Конески“ – Прилеп |
Силвана Јакимовска Бинова | математика | ООУ “Страшо Пинџур” Карбинци |
Габриела Даскалова Милојевиќ | германски јазик | ООУ “Страшо Пинџур” Карбинци |
Зорица Милкова | одделенски наставник | ООУ “Тошо Велков – Пепето” Кавадарци |
Ристе Матаков | одделенски наставник | ООУ “Тошо Велков – Пепето” Кавадарци |
Билјана Николова | информатика | ООУ “Сандо Масев” – Струмица |
Виолета Василева | хемија | ООУ “Сандо Масев” – Струмица |
Марија Пупиноска Гогова | информатика | ООУ “Братство Единство”-Охрид |
Лизана Зиба | информатика | ООУ “Братство Единство”-Охрид |
Александра Блажевска | хемија | ООУ „Јан Амос Коменски“- Скопје |
Јасмина Макалоска | англиски јазик | ООУ „Јан Амос Коменски“- Скопје |
Благородна Сотиров | информатика | ООУ “Панајот Гиновски” – Скопје |
Маре Петрова | одделенски наставник | ООУ “Панајот Гиновски” – Скопје |
Елена Миткова Јовановска | електро стручни предмети | ДСУ РЦСОО Коле Неделковски, Велес |
Славица Карбева Стојковиќ | математика | ДСУ РЦСОО Коле Неделковски, Велес |
За време на првата работилница, наставниците беа запознаени со целите, задачите и методологијата на проектот. Исто така, беа дискутирани фазите на проектот и временската рамка за нивна имплементација. Учесниците ги споделија своите искуства со алатки за вештачка интелигенција и начините на кои ги користат истите во наставниот процес. Беа обезбедени и едукативни материјали и публикации кои се однесуваат на интеграцијата на вештачката интелигенција и медиумската писменост во наставниот процес. Истите наставниците ќе треба да ги прегледаат и анализираат до до следната работилница, поставувајќи основа за заеднички развој на материјали за обука, планови за час и активности кои ќе се имплементираат во наставата.