По имплементацијата на кампот за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“, за да се поттикне континуирано ангажирање и да се поттикнат учесниците да го користат она што го научиле и да го имплементираат во нивната работа и живот беше објавен натпревар за мали грантови. Учесниците аплицираа за грант, во максимална вредност од 5000 долари, за реализација на проект поврзан со знаењата и вештините стекнати за време на TechCamp Охрид. Големиот број на квалитетни апликации беа доказ за ентузијазмот на учесниците да имплементираат различни проекти кои ќе ги дисеминираат научените лекции за време на TechCamp Охрид. Примените апликации беа оценети од тимот на TechCamp врз основа на нивната креативност и потенцијалното влијание кое ќе се постигне со истите. Шест апликации добија грант за имплементација на нивните проектни идеи:
Наслов на проектот | Училиште – носител на апликацијата | Координатор |
Developing and Testing Media Literacy Curriculum | Петар Поп Арсов, Скопје | Александра Митровска |
Native terms of Media Literacy give you better capacity | Мирче Ацев, Скопје | Елена Апостолова |
TruthTech: Media Literacy in the Age of AI (acronym MLinAA) | Страшо Пинџур, Карбинци, Штип | Силвана Јакимовска Бинова |
Media literacy for all | Маца Овчарова, Велес | Живка Панова Саздова |
EduCyberGuardians | Тош Велков Пепето, Кавадарци | Зора Милкова |
Media digital triangle | Страшо Пинџур Неготино | Марина Станиславова |