Проект EduCyberGuardians

Како производ од Кампот за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“TechCamp Охрид, тимот составен од координаторот Зорица Милкова од ООУ „Тошо Велков – Пепето“ Кавадарци, одд. настваник Биљана Стојановска од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Центар, Скопје и ИТ експертот и ментор Александар Ацев, произлезе проектот „EduCyberGuardians“.  

„EduCyberGuardians“ е динамична отворена онлајн едукативна платформа наменета за наставници од основните училишта. Оваа платформа има за цел да ја зајакне медиумската и дигиталната писменост, нудејќи им на наставниците ресурси и обука што им се потребни за подобрување на своите компетенции за полесно снаоѓање низ дигиталниот пејзаж и да ги научат своите ученици да распознаваат веродостојни информации, да ги разберат опасностите од дезинформации и да практикуваат безбедни онлајн навики. Платформата ќе се состои од онлајн интерактивен курс за обука на наставниците, како и дел кој содржи насоки и придружни материјали за да ги поттикне наставниците да развијат свои приспособени изборни програми за реазлизација во нивните училници.

Целта е да се стремиме медиумската и дигиталната писменост да биде вграден дел од основното образование. Со зајакнување на компетенциите на наставниците со актуелни квалитетни алатки и знаење, „EduCyberGuardians“ ќе се стреми да поттикне иднина каде што младите ученици не се само пасивни консументи, туку информирани и критички настроени корисници на медиумската и дигиталната содржина.

Платформата ќе биде конструирана имајќи ја предвид приспособливоста. Тимот ќе ја следи, оценува и ажурира содржината, обезбедувајќи нејзина релевантност и применливост. 

Предложената платформа ќе вклучува автоматски систем за повратни информации. По секој модул, наставниците ќе можат да ги споделат своите искуства, да предложат подобрувања и да пријават застарени информации или ресурси. Оваа директна линија до корисниците ќе обезбеди „EduCyberGuardians“ да остане одговорна на потребите на наставниците и да се развива заедно со развојот и промените на дигиталната средина. 

Модулите од онлјан курсот нема да бидат ограничени со временска рамка, па наставниците ќе можат да ги завршат според своите индивидуални можности. По завршувањето на шесте модули кои се дел од „EduCyberGuardians“, секој наставник ќе се стекне со дигитален сертификат.

Информациите околу лансирањето на онлајн курсот и можноста за следење на истиот ќе ја добивате преку страните на социјалните медиуми: 

-Фејсбук – https://rb.gy/p49vhi

-Инстаграм – https://rb.gy/il7wtq

-Твитер – https://rb.gy/3bkr5w,

-ЛинкедИн – https://rb.gy/p68cvc   

и дополнително преку веб страната и фб страната на Диг-Ед.