Промоцијата на активностите поврзани со развојот и тестирањето на наставната програма за медиумска писменост која се однесува на слободни изборни предмети во основното образование беше реализирана во Американското катче во Тетово на 11.12.2024. Членовите на проектниот тим, Александра Митровска, Игор Богданоски, Сања Кузмановска, Игор Николовски и Аида Петровска, ги истакнаа наставните цели, активностите и очекуваните резултати од овие наставни програми. Посебен акцент беше ставен на преводот на наставната програма на албански и турски јазик, како и на изработката на MOODLE курс кој е усогласен со активностите од овие наставни програми. Дополнително, беа презентирани активностите за развој на медиумската писменост кај учениците спроведени во училиштата учесници во проектот, со нагласување на придобивките од истите.
2024-12-13