Промоција на новиот модул за заштита на лични податоци во време на вештачка интелигенција

Промоцијата на активностите во рамки на проектот „Медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција“, со фокус на дополнителниот модул кој се однесува на заштитата на личните податоци во време на вештачка интелигенција се одржа на 04.12.2024 година во Американското катче во Штип.

Авторите на проектот Силвана Бинова и Ирина Иванова пред присутните направија осврт на активностите во рамки на проектот со фокус на влијанието кој овој проект го има остварено во македонскиот образовен систем. Беа претставени активностите во рамките на проектот, креираниот MOODLE курс, одржаните вебинари, повикот за добри практики, наградените наставници и ученици, соработката со различни високо образовни институции, а особен фокус беше даден на последниот модул изготвен во рамките на овој проект. Дел од наградените наставници преку видео запис дадоа краток осврт на нивните активности во рамки на проектот, како и придобивките од истиот.