Промоција на нови поими поврзани со медиумска писменост во Речникот на поими

На 25.11.2024 година со почеток во 14:30 часот во Америкаснското катче во Скопје се одржа промоција на дополнетото издание на Речникот на поими од медиумската писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот. Дополнителното издание го збогати Речникот со поими со нови 30 поими од областа на медиумската писменост, а беа промовирани и дополнителни игровни активности за нивно полесно совладување, како меморија, осумнасочници, среќно тркало, крстозбори, итн.

Речникот на поими е финален продукт на проектот Намали ризик – медиумска писменост на македонски јазик, реализиран од Елена Апостолова, Добри Јовевски и Гордана Анастасова, кој е добитник на грант за имплементација на знаењата и вештините стекнати на TechCamp Ohrid.