Промоција на имплементираните активности во рамки на проектот EduCyberGuardians беше реализирана на 13.11.2024 година во Американското катче во Битола. Членовите на тимот, Зорица Милкова и Биљана Стојановска, ја презентираа платформата, која вклучува интерактивен онлајн курс за обука на наставници составен од шест модули. Платформата исто така содржи насоки и материјали за поддршка на наставниците да креираат едукативни материјали, планирања, игри и интерактивни активности. Посебен фокус беше ставен на новоразвиениот мини-модул за обука посветен на Рансомвер и Фишинг.
Промоцијата ја збогати и присуството на учениците од четврто одделение при ООУ „Коле Канински“ во Битола, кои под менторство на нивната наставничка Билјана Маневска играа едукативна игра која имаше за цел да ги подобри нивните знаења од областа на медиумската писменост. Оваа игра беше развиена во рамки на проектот EduCyberGuardians. Учениците уживаа додека тимски ја играа едукативната игра, а присутните имаа можност да се уверат во придобивките за учениците од имплементација на пристап на учење преку игра
На настанот беа присутни наставници и професори од Педагошкиот факултет во Битола, кои истакнаа дека платформата е многу вреден ресурс, не само за актуелните наставници, туку и за студентите од педагошките факултети.