Работилница – методологија и план на имплементација на проектните активности

Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед започна со имплементација а активностите од првата фаза на проектот „Користење на игри за учење за сајбер-безбедност и справување со дезинформации“.

Наставниците кои ќе учествуваат во проектните активности беа избрани според нивното претходно искуство и соработка на различни теми поврзани со сајбер-безбедноста и справување со дезинформации:

  • Ѓорѓина Димова и Трајанка Апостолова од ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино
  • Билјана Николова и Елена Ристовска од ООУ „Сандо Масев“ Струмица
  • Фрсоина Алексовска и Маја Виденовиќ од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје
  • Благородна Сотиров и Лимонка Атанасова Крстевска од ООУ „Панајот Гиновски“ Скопје
  • Славица Карбева Стојковиќ и Тања Стојановска од ООУ „Петре Поп Арсов“ Богомила

Со започнување на проектот, претставници од Диг-Ед работеа на нацрт верзијата на методологијата и планот за имплементација на проектните активности. Тие креираа материјали за зајакнување на компетенциите на наставниците за сајбер-безбедност и справување со дезинформации како и основи на раскажување приказни како метод за учење. Беа подготвени и прашалници кои ќе пидат споделени со наставниците и учениците, пред и по завршување на проектните активности, за да се оцени постигнувањето на целите на проектот. Сите креирани материјали им беа презентирани и беа одобрени од претставниците од Комисијата за евалуација на проектот.

Работилница со наставниците вклучени во проектните активности беше организирана на 03.11.2021. Истата беше организирана онлајн заради ситуацијата со пандемијата во државата. Професорот Владимир Трајковиќ ја водеше работилницата и го сподели своето искуство на темите поврзани со активностите во проектот. Главна цел на работилницата беше да се договори методолијата и планот за имплементација, како и да се зајакнат кометенциите на наставниците. Учессниците ги добија подготвените материјали пред работилницата, за да може да се подготват и да земат активно учество во дискусиите.

Работилницата започна со вовед во раскажувањето на приказни и важноста на овој метод во наставата. На наставниците им беа дадени насоки како да раскажат добра приказна, кои се елементите на приказната и нејзината структура. Им беа презентирани нелинеарни структури во приказна кои го одредуваат текот на приказната. Како сето ова да се искористи при имплементација на активностите поврзани со проектот беше дискутирано со учесниците на работилницата.

Презентацијата за брзиот раст на онлајн активностите на светско ниво и што тоа значи за сајбер-безбедноста беше почетниот дел за вовед во сајбер-безбедност и справување со дезинформации. Потоа следуваше дискусија за дигитален отпечаток и како да оставиме позитивен дигитален отпечаток. Беше дискутирано за медиумска писменост и лажни вести, како и кои елементи се најважни да се опфатат со учениците. На учесниците им беа презентирани различни активности кои може да ги реализираат со учениците но беа поттикнати и самите да испланираат активности согласно поставените цели.

Нацрт веризјата на методологијата и планот за имплементација на проектните активности беше презентирана пред учесниците. Тие дадоа мислење за истата, поставуваа прашања и се направи ориентационен план на активностите во проектот. Учесниците се согласија дека треба минимум еднаш месечно да има заеднички состанок на кој ќе се дискутира за имплементацијата на проектните активности со цел поусшено реализирање и постигнување на целите.

Напишете коментар

Name *
Email *
Website