Работилница „Педагошките аспекти на онлајн наставата“

На 28 и 29 јануари ќе се реализира работилница „Педагошките аспекти на онлајн наставата“.

Работилницата ќе ги опфати педагошките аспекти на онлајн наставата, како да се организира квалитетен онлајн час по СТЕМ предметите со технологија и како да се креираат квалитетни дигитални ресурси. Фасилитатор е проф.д-р Владимир Трајковиќ.

Креираните наставни материјали како резултат на работилницата ќе влезат во базата на добри практики кои ќе им бидат достапни на сите наставници преку веб сајтот на здружението.

Наставниците кои ќе учествуваат на работилницата ќе имаат можност со креираните материјали да учествуваат на повикот за Најдобри СТЕМ практики кои ќе биде објавен во текот на месец февруари.

Работилницата ќе се реализира на македонски јазик. Учесниците ќе добијат сертификати.

Бројот на учесници е ограничен на 40. Изборот на учесници ќе се врши рамномерно според наставниот предмет кој го предаваат. Предност ќе имаат наставниците кои први ќе се пријават. Пријавување на учесниците на следниот линк.

Напишете коментар

Name *
Email *
Website