Реализирана работилницата „Педагошки аспекти на онлајн наставата“

На 29 и 30 јануари се реализираше работилницата „Педагошките аспекти на онлајн наставата“. Работилницата се организираше во соработка со Scientix, а фасилитатори на истата беа проф. д-р Владимир Трајковиќ, Маја Виденовиќ и Ѓорѓина Димова. На работилницата учествуваа околу 40 наставници од математика, хемија, физика, биологија, природни науки и одделенски наставници. Беа разменети идеи за тоа како да се подготви и реализира добсар онлајн час. Како резултат од работилницата ќе бидат изработени попдготовкии за добри практики за реализација на онлајн  часови по овие предмети. Истите ќе ги објавиме во базата на добри практики на нашиот веб сајт и ќе им бидат на располагање на сите наставници.

По завршувањето на овие активности ќе се реализира вебинар на кој ќе бидат поканети и наставниците кои не можеа да бидат вклучени во работилницата на кој ќе бидат споделени резултатите и заклучоците од работилницата.

Напишете коментар

Name *
Email *
Website