Технолошки камп за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“

Технолошкиот камп за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“ се одржа од16 до 19.08.2023 на Факултетот за туризам и угостителство. Овој технолошки камп беше организиран од Центарот за иновации и дигитална едукација заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон. Учесници беа четириесет наставници од основно образование со главна цел зајакнување на нивната дигитална и медиумска писменост.

Главната цел на Технолошкиот камп беше да се развие медиумската писменост и вештините за сајбер безбедност на наставниците за да може да се справуваат со мисинформациите и дезинформациите во училиштата, да се подобри социјалната кохезија меѓу различните етникуми и да се поддржи развојот на младите. Во текот на овие три дена наставниците беа обучени да креираат отворени образовни ресурси поврзани со развојот на медиумската писменост и едукацијата за сајбер безбедност на македонски јазик.

Технолошкиот камп беше отворен од Џесика Мекју, виш програмски менаџер во TechCamp. Аугуста Филбин, заменик за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Скопје, Северна Македонија, ги поздрави учесниците, објаснувајќи ја важноста на медиумската писменост во светот чиј развој е диктиран од развојот на технологијата, како и главната идеја зад овој TechCamp. Значењето на наставниците во процесот на реализација на училишните активности го истакна Маја Виденовиќ, од Диг-Ед.

Беа реализирани активности за запознавање на учесниците и обучувачите, но и како почетна активност за размислување за навлегувањето на дезинформациите и мисинформациите во секојдневниот живот. Остатокот од денот беше посветен на вмрежување помеѓу учесниците, обучувачите, преведувачите и организаторите.

Вториот ден започна со пленарна сесија за начинот на функционирање на TechCamp и како е организиран овој TechCamp. Работејќи во групи, водени од обучувачите, учесниците беа охрабрени да размислуваат за главните предизвици со кои се соочуваат при реализација на содржини од медиумска писменост во нивните училишта. Преку овие активности, учесниците успеаа да идентификуваат практични проблеми, на чии решенија ќе се фокусираат во следните денови од TechCamp-от.

Учесниците се запознаа со темите на сесиите кои беа реализирани од тројца меѓународни и тројца национални обучувачи. Сите обучувачи имаа посебно место и учесниците поделени во групи се движеа низ просторијата за да ги слушаат обучувачите кои се претставуваа и даваа кратко објаснување за нивните сесии. На тој начин учесниците имаа можност да ги изберат сессите за кои имаа најголем интерес. Интерактивните сесии што ги реализираа обучувачите беа:

Наслов на сесијаОбучувач
Spot the AI: Tips to Identify Machine-Generated MediaLauren Maffeo
DisInformed – Tips and skills to effectively teach Media LiteracyMatteo Bergamini
Integrating Media Literacy Across CurriculumGeorge Jologua
Interactive Cybersecurity Awareness for School Teachers: Understanding Risks, Threats, and Incidents through Design Thinking  Aleksandar Acev
Strategies, Approaches and Tools for Media Literacy Education: First-hand ExperienceMaja Videnovik
Empower Education on Media Literacy Using Games: Can you Educate on Media Literacy and Foster Student Engagement at the Same Time?Vladimir Trajkovik

Две интерактивни сесии се реализираа во текот на вториот ден, на кој преку интерактивни активности обучувачите се обидуваа да ги развијат вештините за медиумска писменост на наставниците и да ги инспирираат да ги имплементираат собраните знаења и вештини во образовниот процес. За време на овие обуки, тимот на TechCamp ги сумираше предизвиците идентификувани од учесниците во утринската сесија и успеа да ги сумира во вид на изјави за предизвици кои беа презентирани на крајот од денот.

Откако беа идентификувани изјавите за предизвици, учесниците избраа кој предизвик би сакале да го анализираат подетално и да се обидат да најдат начин како да го надминат истиот. Еден од обучувачите, Тони Кохн, ги насочи учесниците да ги најдат прво да размислуваат за основните причини зад нивните предизвици за да може подобро да ги разберат и да најдат решение. Секој учесник имаше можност да се приклучи на група која ќе работи на одреден предизвик и да размислува за основните причини, работите кои придонесуваат за овој предизвик итн. Водени од обучувачите, тие на крај ги групираа основните причини за даден предизвик и почнаа да размислуваат за решението, кое може да биде проектна идеја која ќе произлезе како реазултат од активностите на TechCamp-от. По еден претставник од секоја група го сподели предизвикот на кој групата ќе работи во следните часови и идејата за развој на проект за надминување на истиот. Во попладневните часови, зависно од нивната проектна идеја, учесниците се приклучија на уште една интерактивна сесија и потоа започнаа да работат на нивното проектно планирање, обидувајќи се да најдат решение за основните причини за некој специфичен предизвик.

Последниот ден беше фокусиран на решенијата на учесниците за надминување на одредени предизвици со кои се соочуваат при реализација на содржини за развој на медиумската писменост. Тие продолжија да работат во групи, развивајќи проектна идеја, обидувајќи се да најдат решение за конкретниот предизвик и на крај креираа презентација и ја презентираа својата идеја. Интересно е што за време на Технолошкиот камп учесниците сами ги идентификуваа предизвиците со кои се соочуваат и со помош на обучувачите ги пронајдоа причините за конкретните предизвици, размислуваа за решение и развија проектна идеја за негова имплементација во пракса. Технолошкиот камп изобилуваше со голем број активности, во кои наставниците беа ангажирани, мотивирани и инспирирани да го променат начинот на кој се развива медиумската писменост во нивните училишта. На крајот, тимот на TechCamp имаше презентација за можностите за продолжување на активностите и по завршување на TechCamp-от.

По завршување на агендата предвидена со TechCamp-от, беа реализирани голем број на активности во попладневните часови, за да се зајакне комуникацијата и соработката помеѓу учесниците, но и да се размислува за понатамошни активности во насока на постигнување на целите на TechCamp-от. Тие исто така беа одличен начин да се поттикне комуникацијата меѓу учесниците, обучувачите и организаторите. Истражувањето на Охрид, посетата на Вевчани и изворите, како и екскурзијата со брод до манастирот Св. Наум беа дел од активностите кои играа клучна улога во создавањето на позитивната атмосфера и вмрежувањеро помеѓу учесниците.