Мирјана Јанкуловска и Маја Виденовиќ како претставници на Диг-Ед учествуваа на третиот проектен состанок во рамки на проектот “Creating the Network of Excellent ULCA Schools”. Состанокот се одржа на 29 и 30 декември во Рига, Латвија. На состанокот претставниците од различните партнерски организации дискутираа за активностите во рамките на проектот, како и роковите за нивна имплементација. Особено фокус беше ставен на подготовката и креирањето на содржините во рамки на обуките: Иновативна технологија во училницата, Креативна методологија со фокус на ученикот за наставници од основните училишта и Креативна методологија со фокус на ученикот за универзитетски професори, кои е планирано да се изработат во рамки на проектот, како и последователните обуки – Градење одлични училишта и градење визии во училиштата. Се разговараше и за извештајот кој треба да се изработи до крајот на оваа година, како и потребните документи.
Официјално беше промовирана и Меѓународната асоцијација на иновативни наставници и менаџери во образованието (IAITME) и за време на состанокот беше формиран лидерскиот тим. За претседател на IAITME е избрана Јана Чинорадска, Словачка, а потпретседатели се Маркета Руснакова (Словачка), Маја Виденовиќ (Македонија), Ванда Новоксонова (Латвија) и Ирена Жемаитаите (Литванија).
IAITME е асоцијација која обединува експерти, иноватори и образовни организации од различни земји и за подобрување на образованието на сите нивоа. Целта е да се промовираат иновативни пристапи во образованието, да се поврзат меѓународните образовни заедници, да се споделат најдобрите практики и да се промовира креирање на настава со фокус на ученикот во образовните институции.
![](https://dig-ed.org/wp-content/uploads/2024/12/f05ae0bb-4b7a-4520-947a-6bbf042c5608-1-1024x768.jpg)
![](https://dig-ed.org/wp-content/uploads/2024/12/c996fadd-9707-49e7-b1b5-50e194660c8d-1-1024x768.jpg)
![](https://dig-ed.org/wp-content/uploads/2024/12/1733159403855-3-1024x768.jpeg)
![](https://dig-ed.org/wp-content/uploads/2024/12/176c6b78-ebfa-4f1f-8b95-32a7b41ef71e-768x1024.jpg)
![](https://dig-ed.org/wp-content/uploads/2024/12/1733159403829-2-1024x768.jpeg)
![](https://dig-ed.org/wp-content/uploads/2024/12/1733159403882-2-768x1024.jpeg)
![](https://dig-ed.org/wp-content/uploads/2024/12/5c550bc6-91e0-46f3-b789-9561b220b61d-1-1024x768.jpg)
![](https://dig-ed.org/wp-content/uploads/2024/12/1733159403934-2-768x1024.jpeg)
![](https://dig-ed.org/wp-content/uploads/2024/12/1733159403907-2-768x1024.jpeg)