Членови на Диг-Ед земаа учество на EASE Summit 2025

На третото издание на Европскиот самит на STEAM Educators учествуваа двајца членови на Dig-Ed. Ѓорѓина Димова имаше презентација на тема Integrating technology with Intel SFI Starter Pack. Таа се фокусираше на важноста на технологијата за ангажманот и развојот на вештините на учениците. Таа го претстави Intel Skills for Innovations – платформа која им помага на едукаторите за усвојување на најновата технологија и создавање можности за учење кои активно ги ангажираат студентите, нудејќи професионален развој, планови за часови и заедница за споделување идеи.

Презентацијата на Маја Виденовиќ, Empowering Education through AI for Interactive and Engaging Learning Experiences, беше насочена кон различни наставни стратегии и пристапи со користење на вештачка интелигенција во училницата за да се создадат интерактивни и привлечни искуства за учење. На почетокот имаше дискусија за DigComp 2.2, нагласувајќи ја интеграцијата на компетенциите поврзани со вештачката интелигенција во оваа рамка. Презентацијата прикажа низа алатки кои користат вештачка интелигенција, како што се MagicSchool.ai или Curipod за создавање интерактивни лекции, генератори на слики, употреба на различни чет-ботови, hipdf.com за работа со PDF датотеки, breshna.io за креирање игри итн. Беше објаснето користењето на овие алатки и нивниот потенцијал да го подобри ангажманот на учениците, поттикнувајќи поефективни средини за учење.